Поврзете се со нас

Евролига

Црвена Звезда го одбележа историскиот триумф со сегмент од легендарна српска серија (Видео)

Објавено

на

Фото: https://x.com/kkcrvenazvezda

Кошаркарите на Црвена Звезда синоќа успеаја да ја победат Барселона на гостински терен и на тој начин испишаа клупска историја со првиот евролигашки триумф на теренот на шпанскиот великан.

Српскиот претставник се снајде подобро во драматичниот финиш, а фановите на „црвено-белите“ не можеа да посакаат подобро сценарио.

Најпрвин Дејан Давидовац постигна тројка за плус три, а во следниот напад топката ја прокоцка „омилениот“ Кевин Пантер, по што почна славјето на гостите од Белград.

На социјалните мрежи победникот издоминира со видеото од победничката тројка и синхронизацијата на сегмент од легендарната серија „Семејно богатство“.

– Овде деда, е пораката која ја доби Барселона од Давидовац чиј прекар е токму „Деда“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни