Поврзете се со нас

Евролига

Црвена Звезда го изненади Реал Мадрид во Евролигата

Објавено

на

Кошаркарите на Црвена Звезда приредија изненадување во рамките на Евролигата, победувајќи на гостувањето кај Реал Мадрид со 77:79.

Ова беше претходно одложен натпревар кој се одигра во нов термин, а на кој гостите од Белград постојано диктираа темпо и заслужено стигнаа до победата.

Српскиот претставник на полувреме имаше плус пет, за во последниот период да стигне и до дванаесет поени, но Реал Мадрид се врати во игра за победа и го направи финишот драматичен.

Сепак, Црвена Звезда се снајде подобро во последните напади и на крајот црвено-белите и се радуваа на победата.

Волден со 18 и Добриќ со 13 поени постигнаа најмногу поени во победничкиот тим, а кај Реал Мадрид Фернандез реализираше 11 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни