Поврзете се со нас

АБА лига

Црвена Звезда е класа за себе, МЗТ се врати со пораз во АБА лигата

Објавено

на

Тренерот Александар Петровиќ најави дека МЗТ Скопје својата шанса во АБА лигата ќе ја бара во четвртото коло против Студентски Центар, но добра вест е што македонскиот првак денеска не се посрамоти против главниот фаворит за титулата.

Црвена Звезда влезе како апсолутен фаворит во дуелот кој се играше во Србија, а по скромниот старт на двете страни и постигнатите вкупно 13 поени за 8 минути, домаќинот ја презема контролата и брзо стигна до двоцифрена предност.

МЗТ посебно се мачеше во првиот дел од натпреварот и во двете четвртини тешко стигнуваше до поени, а тоа ја направи и главната разлика на мечот кој беше прилично едносмерен.

„Штрковите“ дадоа само девет поени во првата четвртина, 13 во втората, но покажаа многу подобро лице во второто полувреме во кое уфрлија 45 поени и ја поправија сликата.

Звезда на крајот победи со 87:67 и ја запиша првата победа на отворањето на новата сезона во АБА лигата, натпреварување во кое главна цел за МЗТ ќе биде опстанок во елитата.

Војдан Стојановски беше најефикасен на паркетот со 17 поени, Крстевски уфрли 14, а во победничкиот тим, Адамс уфрли 16, а Ивановиќ 12.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни