Поврзете се со нас

Балкан

Црвена Звезда доведе српски и босански репрезентативец, потврдена и ѕвезда на Штутгарт

Објавено

на

Фото: https://x.com/crvenazvezdafk

Поранешниот европски шампион Црвена Звезда успеа да обезбеди место во главната фаза на Лигата на шампионите, а раководството реши да го засили тимот во пресрет на најавените осум соочување со европски ривали.

„Црвено-белите“ преговараат со неколку квалитетни фудбалери, а вечерва веќе се потврдени две докажани имиња од екс-ју просторите.

Првиот е српскиот репрезентативец Немања Радоњиќ, за кого ова означува враќање во редовите на белградскиот тим по шест години, период во кој настапуваше во повеќе европски клубови, меѓу кои и Олимпик Марсеј и Торино.

На „Рајко Митиќ“ ќе настапува и репрезентативецот на Бих, Раде Круниќ, кој доаѓа како слободен агент, а последно настапуваше во редовите на Фенербахче. Круниќ стекна сериозно искуство во Европа, посебно во Емполи и Милан, а со „росонерите“ стигна до трофеј и во Серија А.

Малку подоцна Црвена Звезда го потврди и доаѓањето на Силас Мвумпе од Штутгарт, кој првично ќе настапува како позајмен играч во белградскиот состав. Конгоанецот е проценет на 10 милиони евра и ќе биде најатрактивно засилување во овој преоден рок.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни