Поврзете се со нас

Евролига

Црвена Звезда доведе кошаркар од европскиот шампион Реал Мадрид

Објавено

на

Црвена Звезда им приреди пријатно изненадување на фановите, но ги изненади и медиумите откако денеска објави дека нов член на екипата е Адам Ханга.

Досега не се појавија шпекулации дека Ханга преговара со „црвено-белите“, за денеска тој трансфер да биде потврден со клупско соопштение.

Унгарскиот репрезентативец го одработи договорот со Реал Мадрид и можеше да бира каде ќе ја продолжи кариерата, па на крајот се решил да стави потпис на двегодишен договор со српскиот клуб.

Пред да настапува за европскиот шампион Реал, Ханга беше дел и од Барселона, Басконија и Манреса, што потврдува дека се работи за кошаркар со сериозен квалитет, но и потребно искуство.

Претходно, Црвена Звезда успеа да ги ангажира Милош Теодосиќ, Дејан Давидовац и Марко Симоновиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни