Црвена Звезда без Антиќ немаше шанси против Ефес

pero zvezda

Црвена Звезда е поразена од Анадолу Ефес со 104:95 во натпревар од кошаркарската Евролига, на кој не настапи нашиот интернационалец Перо Антиќ.

Неговото неиграње се чувствуваше пред се во одбраната каде „црвено-белите“ премногу лесно примаа поени и никако не можеа да се вратат во игра за да атакуваат на евентуална победа.

Антиќ воопшто не настапи на оваа средба која ја следеше од клупата, а во неговиот тим најефикасен играч беше Бјелица со 15 поени. Во редовите на турскиот клуб, Драгиќ ги предводеше стрелците со 24 поени, а МекКолум реализираше 20 поени.

Facebook Коментари