Црвена Звезда и Антиќ немоќни против Фенербахче

Antic-Cedevita1

Актуелниот европски првак Фенербахче оствари рутинска победа на гостувањето против Црвена Звезда и тоа со резултат 80:63, на натпревар кој резултатски беше решен уште по првото полувреме.

Домаќините немаа сили да му парираат на фаворитот, а Перо Антиќ не постигна поени и имаше 3 скокови за 14 минути кои ги помина на теренот.

Кај „црвено-белите“ најефикасен беше Давидовац со 18 поени, додека на спротивната страна Боби Диксон или Мухамед Али го заврши натпреварот со 25 поени.

За Фенербахче ова е 20. победа со која останува на второто место, додека Црвена Звезда е на 11. место со 11 победи.

Facebook Коментари