Црвена Звезда и Антиќ со лекција за Цедевита

Antic-Cedevita1

Црвена Звезда на Перо Антиќ ја совлада Цедевита со убедливи 82:66 во натпревар од регионалната АБА лига и останува при врвот на ова кошаркарско натпреварување.

Она што требаше да биде дерби беше многу рано решено во корист на домаќините, кои на крајот на третиот период водеа со 72:40, а последниот период хрватскиот претставник го искористи за да стигне што поприфатлива негатива.

Антиќ постигна 1 поен со 6 скокови и 1 асистенција за 18 минути на теренот, а најефикасен кај „црвено-белите“ беше Фелдин со дури 27 поени. По оваа победа актуелниот шампион е на второто место со еден бод помалку од Будуќност, а пред Цедевита која исто така има бод помалку на третото место.

Facebook Коментари