Шпанија
Црвен картон за Белингам, иронични насмевки на Анчелоти и нов кикс за Реал во Ла Лига (Видео)

Реал Мадрид нема по добро да го памети гостувањето на „Ел Садар“ ова попладне, не поради непосакуваниот резултат, туку пред се поради арбитражата на Хосе Мунуера.
Главниот арбитар успеа да ги доведе до лудило преставниците од шпанската престолнина и покрај водството кое го имаше фаворитот, бидејќи избраниците на Карло Анчелоти протестираа за три недосудени пенали во првиот дел, пред да гледаат како Џуд Белингам добива исклучување поради протести.
Англичанецот беше испратен на предвремено туширање после еден разговор со Мунуера, па така лошите вести за Реал навистина се насобраа откако претходно Винисиус не реализираше и две стопроцентни шанси за 0:2.
Тоа направи на полувреме да се замине со резутлат 0:1 кој беше активен благодарение на голот на Мбапе, но тоа брзо се промени на стартот на вториот дел.
Продолжението донесе уште еден шок за Анчелоти и неговите фудбалери, бидејќи по една ВАР проверка, Мунуера покажа на белата точка за старт кој го направи Камавинга.
Будимир ја презема одговорноста и Осасуна со играч повеќе на теренот стигна до 1:1, а сето тоа беше проследено со кисела и иронична насмевка на искусниот Анчелоти, кој исто така доби опомена со жолт картон во првиот дел.
До крајот, резултатот не се менуваше и покрај две добри шанси кои ги имаше Мбапе, па сега Реал е во низа од три натпревари без победа во шпанската Ла Лига.
Видеото погледнете го ТУКА
-
Свет21 час
Атрактивен гол на ветеранот: Мајсторијата на Меси го најави пресвртот на Интер Мајами (ВИДЕО)
-
Англија15 часа
Ова никогаш не му се случило: Салах со негативен рекорд во поразот од Њукасл
-
Шпанија22 часа
Симеоне за неверојатниот пресврт на Барселона: Направив грешка со една измена
-
Балкан9 часа
Панчев воспоставил конекции за остварување на голема цел: Хуманитарни натпревари меѓу Вардар-Звезда и Македонија-Србија
-
Италија22 часа
Мота: Оставка? Тоа е премногу лесно…
-
Италија20 часа
Гасперини: Судијата го уништи натпреварот со Интер
-
Англија19 часа
Постекоглу влезе во конфликт со навивач на Тотенхем, Тел мораше да ја смирува ситуацијата (ВИДЕО)
-
Англија17 часа
Руни бил блиску да игра за друга репрезентација: Тоа ќе беше одлично