Поврзете се со нас

Европски првенства

Црногорска лекција за Хрватска, Швеѓаните подобри од Русија

Објавено

на

Црногорската ракометна репрезентација оствари голема победа над Хрватска (32:26) и на тој начин го продолжи својот одличен настап на Европското првенство во машка конкуренција.

Црногорците доминираа од почетокот на средбата, Симиќ повторно беше расположен на голот, а неговите соиграчи ја полнеа мрежата на фаворитот на хартија, кој ги разочара своите фанови.

Селекцијата која ја победи Македонија во првата фаза, денеска против Хрватите на полувреме водеше со 15:9, во ниту еден момент противникот не се приближи резултатски, па конечните 32:26 добро го отсликуваат она што се случуваше на теренот.

Милош и Бранко Вујовиќ со по 7 голови ја предводеа црногорската селекција, Симиќ собра 14 одбрани, додека Чупиќ со 7 погодоци беше најдобар хрватски реализатор.

Истовремено се играше и натпреварот меѓу Шведска и Русија, на кој Скандинавците доминираа и заслужено стигнаа до победа со резултат 29:23.

Ване со 9 и Хринц со 5 голови биле најефикасни во победничката репрезентација која стигна до првите бодови во втората фаза.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни