Поврзете се со нас

Свет

Црногорецот немаше милост: Јоветиќ си поигра со Ван Дајк во првиот меч на стоперот по повредата (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипите на Херта и Ливерпул одиграа супер интересен и возбудлив пријателски меч во Инсбург, меч кој заврши со победа на бундеслигашот со 4-3.

Ова беше дуел кој беше одбележан од камбекот на дуото на „црвените“, Вирџил Ван Дајк и Џо Гомез кои по долга пауза конечно му се ставија на располагање на тренерот Јирген Клоп. Тие ги одиграа завршните 20 минути што секако е одлична вест за премиерлигашот пред кого се многу предизвици во престојната сезона.

Меѓутоа ќе биде потребно време за Ван Дајк се врати во форма, биде оној стариот, а најдобар доказ за тоа е ситуацијата од 80 минута кога новото засилување на Херта, Стеван Јоветиќ си поигра со него, го испружи на тревникот по што рутински ја заврши соло акцијата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни