Поврзете се со нас

Македонија

Црногорецот Канкараш си замина од Автокоманда, Металург најави засилувања

Објавено

на

blank

Екипата на Металург ја прекина соработката со црногорскиот интернационалец, Бранко Канкараш.

Двете страни седнале на маса и донесе одлука за спогодбен раскин на договорот, па сега Канкараш ќе може да ја продолжи кариерара надвор од Македонија. Од клубот од Автокоманда посочија дека ова е резултат на корона кризата и лимитираниот број на странци во македонското првенство што го стави во позиција Бранко да седи на трибините.

Донесовме заедничка одлука со Канкараш дека е најдобро сезоната да ја доигра во клуб од кој што и играчот, а и ние добивме одлична понуда. Лимитираноста во бројот на странци кои можат да настапуваат во домашно првенство беше причината Бранко да ги проследи натпреварите од трибини, што за играч од негов ранг е неприфатливо.

-Од друга страна РК Металург има двајца македонски играчи на таа позиција. Со оглед на тоа дека ништо нема да се промени во вториот дел од сезоната, донесовме заедничка одлука сезоната да ја доигра во друг клуб, со можност за враќање во Металург во наредната сезона, но со понаков играчки кадар за да може согласно правилото за странци да се извлече максимумот од секој играч во поглед на минутажата. Во наредниот период Металург ќе ја засили бековската линија, а оставам и можност за трет голман, истакна претседателката на Металург, Зорица Блажевска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни