Поврзете се со нас

Италија

Црногорецот е прогласен за виновен: Вучиниќ осуден на две години поради затајување данок

Објавено

на

foto: www.blackwhitereadallover.com

Мирко Вучиниќ најголемиот дел од својата активна фудбалска кариера ја мина во Италија каде во одреден период не плаќал данок на државата по што си направи проблем, поточно почна да се води судски процес против него, процес кој легендарниот црногорски ас го загуби.

Медиумите на Апенините пренесуваат дека е осуден на две години поради затајување данок. Тој беше обвинет дека не пријавил дури шест милиони евра, износ го заработил од 2014 до 2017 година и за истиот требало да плати данок во Италија – што не го направил, па затоа доби и двегодишна условна казна.

Вучиниќ се бранел дека платата ја примал во Обединетите Арапски Емирати (тој во последните години играше во Ал Џазира), но обвинителите утврдиле дека тој престојувал на Апенинскиот полуостров, иако неговите агенти тврделе дека не бил фискално поврзан со таа земја.

Одлуката е на судот е да има превентивното одземање на тековната сметка на Вучиниќ, како и на движен и недвижен имот, односно со ова да се исплати оштета на државата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни