И Црногорците им одржаа лекција на нашите тенисери

davdav

Македонската Дејвис Куп репрезентација го претрпе и третиот пораз во групата Б во третата европска група која се игра во Атина, Грција.

По Естонија и Летонија македонските тенисери беа надиграни од Црна Гора со 3-0, резултат со кој ги загубивме и претходните пресметки. Прво Резар Чунго славеше над Димитар Грабул со 2-0, па Љубомир Челебиќ беше подобар од Горазд Србљак со 2-1 во сетови.

Во игра на двојки, Лука Љубен Андонов и Берк Бугариќ немаа одговор за Игор Савелиќ и Марио Алексиќ.

Утре нашиот состав ќе игра против репрезентацијата на Монако (3 место во Групата А) за опстанок во Третата Европска Група.

Facebook Коментари