Поврзете се со нас

Балкан

Црногорците донесоа одлука за иднината на Просинечки на клупата на националниот тим

Објавено

на

foto:www.facebook.com/FudbalskiSavez

Фудбалската репрезентација на Црна Гора забележа пет порази на шест натпревари во Лигата на нации, но раководството решило да му изрази поддршка на селекторот Роберт Просинечки.

Слабите резултати активираа шпекулации за отказ за хрватската легенда, но Извршниот одбор на федерацијата потврдил дека Просинечки ќе ја води Црна Гора и во квалификациите за СП.

Црногорците победија само на последниот натпревар против Турција и ќе се преселат во Ц сегментот на Лигата на нации,  Просинечки доби дополнително време за да го воигра подмладениот состав и да почне да ги испорачува посакуваните резултати.

Популарниот „Жути“ е поранешен соиграч на првиот човек на федерацијата, Дејан Савиќевиќ, кој и му ја даде шансата да ја води балканската селекција изминатиот период.

Просинечки ја презема функцијата во февруари од Миодраг Радуловиќ.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни