Поврзете се со нас

Свет

„Црно-белите“ не застануваат: Партизан му донесе уште едно квалитетно засилување на Обрадовиќ

Објавено

на

Големиот Жељко Обрадовиќ пред неколку дена се врати во Партизан, а тоа дефинитивно донесе голема радост и задоволство кај сите навивачи на „црно-белите“, меѓутоа дури и најголемите фанови на овој клуб не очекуваат дека истиот ќе успее за овој краток период да донесе тројца квалитетни играчи.

Имено откако стана јасно дека Обрадовиќ е нов тренер прво беше ангажиран Кевин Пантер од Олимпија Милано, потоа дојде српскиот репрезентативец Алекса Аврамовиќ за да сега стигне уште еден американец Зек Ледеј.

Оние кои редовни ги пратат случувањата во европската кошарка многу добро знаат кој е Ледеј, човек кој играше за Хапоел, Олимпијакос, Жалгирис и Олимпија Милано каде во претходната сезона играше заедно со Пантер.

Зек може да ги покрие позициите „четири“ и „пет“, со клубот од Белград потпиша двегодишен договор.

Во минатата кампања имаше учинок од 10 поени и 4,5 скокови во Евролигата, во Италија пак бележеше  15,8 поени и 6,2 скокови по натпревар во регуларниот дел, додека во плејофот имаше бројки од 11,2 кошеви и 4,8 скокови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни