Поврзете се со нас

Европски првенства

Црна Гора ја доби драмата во Скопје и со една нога е во полуфиналето на ЕП

Објавено

на

Foto:twitter.com/EHFEURO

Романија беше непремостлива пречка за македонската репрезентација на Европското првенство на кое бевме домаќини, но селекцијата на Црна Гора вечерва направи Скопје да биде сведок на вистински ракрометен спектакл во кој двете селекции понудија страшен ракомет.

Во еден крајно израмнет и возбудлив меч до самиот крај, Црногорките ја добија драмата и успеаја да победата со 35:34, што прави со една нога да бидат во полуфиналето на континенталниот собир.

На крајот, херојската улога и припадна на поранешната вардарка Радичевиќ, која како најискусна ја презема одговорноста и го реализираше последниот пенал за 20-тина секунди пред крајот за победа на Црна Гора.

Јованка го заврши натпреварот со осум гола зад своето име, исто толку постигна и Итана Грбиќ која беше сензационално добра, додека најефикасна на паркетот беше Романката Неагу со девет погодоци.

Со овие два бода, Црна Гора е на чекор од пласман во полуфиналето, нешто што и официјално ќе се оствари ако Франција ја оправда фаворитската улога и вечерва победи против Германија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни