Поврзете се со нас

Македонија

Црн Дрим го изненади МЗТ, Куманово со одлична завршница против Вардар

Објавено

на

МЗТ Скопје неочекувано загуби на гостувањето кај фенерџијата Црн Дрим Грин мобил (90:88) и со пораз го заврши првиот дел од сезоната во македонското кошаркарско првенство.

Стружани уште од почетокот покажаа дека се расположени и одат на победа против фаворитот и на полувреме водеа со шест поени разлика.

МЗТ го возврати ударот во третиот период, кој скопскиот состав го доби со 30:18, па последната четвртина започна со резултат 66:72 во корист на избраниците на Дарко Радуловиќ.

Но и тоа не ги откажа кошаркарите на Црн Дрим, па откако се вратија во игра, одиграа подобро во финишот и на крајот славеа со 90:88, а решавачките поени ги постигна Настовски.

За Црн Дрим Грин мобил тоа е само втора победа во цела сезона, додека МЗТ со овој пораз ќе стартува од четвртото место во плејофот.

Стаменковиќ со 21 и Соколовиќ со 17 поени биле најефикасни во победничката екипа, додека кај МЗТ, Бојиќ реализирал 20 поени.

Претходно, Куманово го победи Вардар со 112:78, но убедливата предност ја обезбеди во завршниот период, бидејќи тој започна со резултат 75:69.

Ѓекиќ со 29 поени бил најефикасен во домашниот состав, а Дикембе постигнал 26 во редовите на Вардар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни