Поврзете се со нас

Свет

Црн ден за кошарката: Замина легендарниот Дражен Далипагиќ

Објавено

на

Фото: https://partizan.basketball

Кошаркарската легенда Дражен Далипагиќ починал на 73-годишна возраст, 0бјави неговиот поранешен клуб Партизан.

Далипагиќ останува запаметен како кошаркарски гигант не само на просторите на поранешна Југославија, туку и во европски и светски рамки, освојувајќи многу трофеи со своите клубови и со националниот тим.

– И тој ден мораше да дојде…

– Денот кога замина големиот Праја!

– По долго и тешко боледување утрово во Белград почина Дражен Далипагиќ! Најдобриот стрелец во историјата на Партизан, поранешен југословенски репрезентативец, светска кошаркарска легенда и човек со неповторлив карактер!, – стои во информацијата објавена од српскиот клуб.

Далипагиќ беше роден на 27. ноември 1951 година, дваесет години подоцна станал член на Партизан, каде по десет сезони стана најдобар реализатор во клупската историја и се уште е сопственик на тој рекорд. Подоцна настапувал за повеќе италијански клубови, поминал една сезона во Реал Мадрид, а во тренерската кариера кратко беше тренер и во МЗТ Скопје.

На светските првенства, со Југославија, освои злато во 1978 година, сребро во 1974 година и бронза во 1982 година и 1986 година, на Олимпијадите имаше по еден златен, сребрен и бронзен медал, додека на европските првенства стигна до три златни медали и по едно сребро и бронза.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни