Поврзете се со нас

НБА

Црн ден во Америка: Почина човекот кој ја редифинираше позицијата центар (Фото)

Објавено

на

Foto:instagram.com/billwalton

НБА лигата како организација секогаш посебно внимава на играчите кои испишаа историја и се дел од Куќата на славните, а денеска за жал комесарот Адам Силвер потврди една вест која почна да кружи во јавноста во последните два часа.

Легенарниот НБА центар Бил Волтон починал по долгогодишна борба со рак на 71-годишна возраст, па така американското кошаркарско семејство е завиено во црно на овој старт на новата работна недела.

Двократниот НБА шампион во својата кариера ги бранеше боите на Портланд, Клиперс и Бостон, а покрај двата шампионски прстени, еднаш беше прогласен и за МВП.

Според многумина, Волтон е човекот кој ја редефинирал центарската позиција во најсилната кошаркарска лига во светот, па затоа зборовите кои ги употреби Адам Силвер се навистина моќни.

– Бил Волтон беше навистина уникатен. Како играч на Куќата на славните, тој ја редефинираше центарската позиција. Неговите уникатни и разновидни вештини го направија доминантна сила во Америка и го одведоа до признанија за МВП на регуларниот дел од сезоната и НБА финалето. Тој освои два НБА шампионати и место во 50-годишнината и 75-годишнината на НБА тимовите.

– Својот заразен ентузијазам и љубовта кон играта, Бил потоа ги преточи и во телевизиските преноси, каде испорача остроумни и колоритни коментари со кои забавуваше неколку генерации љубители на кошарката. Но, она што најмногу ќе го паметам кај него е ентузијазмот кој го имаше за живот. Тој беше редовно присутен на настаните во Лигата: секогаш оптимист, се смешкаше од уво до уво и бараше да ја сподели својата мудрост и топлина, – вели Адам Силвер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни