Германија
Цорк призна: Борусија планира да го откупи фудбалерот кој го продаде пред две години

Михаел Цорк како спортски директор на Борусија Дортмунд јасно им порача на европските великани дека клубот не размислува да го ослободи Ерлинг Халанд, без оглед на индиректните притисоци кои ги прави и неговиот агент Мино Раиола.
Познатиот италијански агент привлече огромно внимание со изјавата дека само десет клуба во овој момент можат да си го дозволат вонсерискиот норвешки вундеркинд, но во ситуација кога „милионерите“ не размислуваат на негова продажба, спортскиот директор откри дека будно се следи и еден играч кој беше продаден пред две години.
Александер Исак беше продаден на Реал Сосиедад во 2019-та година и талентираниот напаѓач почна да воодушевува со своите партии во Примера, а бидејќи претстојново лето е последново кое Борусија може да ја активира откупната клаузула од 30 милиони евра за враќање на фудбалерот, Цорк даде свој коментар на оваа тема.
Директорот на Борусија вели дека сите во клубот се свесни за прогресот кој го има 21-годишниот напаѓач во последно време, а истовремено, германските медиуми најавуваат дека токму тој може да биде замена за Ерлинг Халанд.
– Сите ние сметаме дека Исак направи вистински чекор со тоа што отиде во Реал Сосиедад, што стана дел од тимот од Сан Себастијан. На почетокот, тој импресионираше како играч од клупа, постигнуваше голови, но сега е стандарден стартер и секако дека го следиме неговиот прогрес. Ги гледаме сите негови настапи, но исто така сме среќни што го имаме Халанд, – изјави Цорк.

- Англијапред 22 часа
Летна и првата глава по неуспехот на Супер лигата, навивачите на Манчестер Јунајтед во транс
- Англијапред 23 часа
Позната причината поради која Даниел Леви го отпуштил Жозе Мурињо
- Светпред 22 часа
Европската лига се распадна како кула од карти по само два дена: Вечерва клучен состанок за откажување
- Англијапред 21 час
Сунес со остар коментар: Девет месеци имаа состаноци со другите директори, Вудвард е само почетокот (Видео)
- Англијапред 24 часа
Фудбалерите го креваат гласот: Хендерсон ќе ги собере сите капитени и ќе ги обедини против Супер лигата
- Италијапред 21 час
Италијанските новинари едногласни за статусот на Ањели во Јувентус
- Лига на шампионипред 21 час
Перез за „Лекип“: Не сме загрижени, ќе го реализираме проектот Супер лига
- Англијапред 19 часа
Официјално: Сите англиски клубови се повлекуваат од Супер лигата