АТП
Цонга: Надал никогаш нема да признае, но сите знаеме зошто загуби од Содерлинг
Рафаел Надал има нестварен биланс на победи и порази на Френч Опен и неслучајно важи за асполутен крал на Ролан Гарос, турнир на кој Шпанецот има остварено дури 86 триумфи и само 2 неуспеси.
Едниот пораз е од пресметка со Новак Ѓоковиќ, но дефинитивно најголем потрес предизвика поразот кој пристигна во 2009-та година кога Рафа беше шокиран од Робин Содерлинг.
Швеѓанецот тогаш го вчудоневиди цел спортски свет и со фантастичното издание му го нанесе првиот пораз на Надал на неговиот омилен турнир, а добро познато е дека Содерлинг подоцна беше поразен во финалето од Рожер Федерер кој со триумфот ги обедини сите четири грен-слем турнири.
По тој меч во осминафиналето, Надал спортски му честиташе на противникот и истакна дека едноставно бил подобар на теренот, но 11 години подоцна, Жо Вилфред Цонга открива дека сите ја знаат вистинската причина за поразот, а истата Рафа никогаш нема да ја признае.
– Рафа никогаш нема да зборува за тоа и нема да го признае. Но, кога загуби од Содерлинг, сите ние (тенисерите) знаевме дека е болен. Имаше ангина и не се чувствуваше воопшто добро. Сепак, тој никогаш нема да ви го признае тоа, – вели Цонга.
-
Репрезентација24 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Светски првенства24 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Шпанија15 часа
Лопетеги не се кае: Повторно би ја прифатил понудата од Реал, совеста…
-
Светски првенства11 часа
Велшаните критикуваа, Белами врати: Се надевам ќе му подигнат статуа!
-
Светски првенства14 часа
Бразилците пропаднаа на „Монументал“, Аргентина обезбеди билет за СП (ВИДЕО)
-
АТП14 часа
Музети тргна моќно, па беше разбиен од Ѓоковиќ во Мајами (ВИДЕО)
-
Светски првенства13 часа
Белами: Очекував повеќе од Македонија, заслуживме да победиме!
-
Репрезентација23 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…