Балкан
Циркус во студиото по големото хрватско дерби: Бесниот Гатузо влезе во жесток клинч со контроверзниот Јеличиќ (Видео)

Ријека оствари голема победа над Хајдук во дербито кое се одигра на „Рујевица“ (3:0), стадион на кој верните следбеници на хрватскиот шампионат биле сведоци и на една неверојатно бизарна ситуација по последниот судиски свиреж.
Џенаро Гатузо во последно време добива многу критики за лошата игра на Хајдук во вториот дел од сезоната, но од сите аналитичари во хрватскиот фудбал, посебно зајадливи коментари испраќа Јошко Јеличиќ, пензионираниот фудбалер кој своеверемено играше и за Севилја.
Хрватот кој има улога на фудбалски експерт во студиото на „Макс Спорт“ пред извесно време испорача и една невкусна провокација до Стефан Ристовски, но бидејќи слични коментари користи и за играчите на Хајдук, Рино Гатузо реши да подвлече линија и да влезе во клинч со Јеличиќ.
– Не се поздравувам со тебе, ти си лоша личност…. Зборуваш многу, се правиш паметен како да си освоил се во животот…… Кога ќе те видам следен пат во студиото, нема да дојдам да зборувам за оваа телевизија. Не сакам да зборувам со тебе, ти си лош човек, – му порачал бесниот Гатузо на Јеличиќ, а потоа се дообјанувал и на прес-конференцијата.
– Јеличиќ не покажува почит кон мене, но и кон играчите. Постојано изнесува некои работи во јавноста, се однесува како да знае се за фудбалот. Лесно е да зборува кога нема никој во студиото, нека ми каже што мисли во лице, а не зад грб. Најмногу ме нервира тоа што тој беше професионален играч и што знае како се одвиваат работите во овој спорт. Вели дека сум странец и дека треба да ги прифатам условите тука…. Што сака да каже со тоа, за мене тоа е навреда, се однесува како да не припаѓам тука.
– Тој веќе шест или седум месеци ги уништува моите играчи со своите саркастични коментари. Се однесува како да ја освоил Лигата на шампионите и Светското првенство, а нема освоено ништо, – посочил Гатузо.
Things got heated between Joško Jeličić and Gennaro Gattuso after the match. pic.twitter.com/NZEd6Qe04x
— Croatian Football (@CroatiaFooty) March 16, 2025
-
Македонија23 часа
Воска Спорт: Судиите постојано носеа сомнителни одлуки, бевме принудени да се повлечеме од теренот
-
Шпанија21 час
Судискиот експерт на „Марка“ даде оценка за контроверзниот пенал на Барселона
-
Шпанија24 часа
Нов инфаркт меч меѓу Барселона и Селта Виго: Каталонците со луд пресврт до голема победа на „Монжуик“ (ВИДЕО)
-
Италија20 часа
Конте ја продолжи вербалната војна со Де Лаурентис: Не сум глупав
-
Шпанија9 часа
Барселона му фати голем сеир на Реал по неверојатниот пресврт против Селта Виго (Фото)
-
Шпанија4 часа
Барселона излезе со соопштение за повредата на Левандовски, познато е на кои натпревари сигурно нема да игра (Фото)
-
Англија8 часа
Ѕвезда на Астон Вила: Бев бесен за минутажата против ПСЖ и му го кажав тоа на Емери
-
Шпанија18 часа
Валверде застанал во одбрана на колегата Анчелоти: Како треба да се чувствуваме ние останатите