Поврзете се со нас

Свет

Циркус: Судиите на Чиле-Аргентина дојдоа без знаменца на теренот, па користеа редарски елеци (Видео)

Објавено

на

КОНМЕБОЛ како органзиација често добива големи критики за тоа како функционира од најголемите фудбалски ѕвезди во Јужна Америка, а дека играчите имаа добри причини за поплаки најдобар доказ е мечот меѓу Чиле и Аргентина.

„Гаучосите“ успеаја да победат и без Лионел Меси во тимот со конечен резултат 1:2, но една од најокоментираните теми на социјалните мрежи е онаа поврзана за судиите на овој натпревар.

Главен судија на мечот беше Бразилецот Андерсон Даронко, но за циркус се погрижија неговите двајца први помошници кои беа задолжени за линиите.

Бразилците Фабрисио Вилјарињо и Родриго Фигуередо ги заборавиле своите стандардни знаменца во хотелот кој престојувале, па морало да прават импровизации и да измислуваат техники за составување на нови знаменца.

Наместо оригинално фудаблско знаменце, во нивните раце држеле мали палки со залепен редарски елек, па овие видеа и фотографии брзо наидоа на голем сеир во Јужна Америка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни