Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Циркус на вечерта: Реакциите на играчите на Астон Вила и ПСЖ кога ја слушнаа химната на Лига Европа (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/AVFCOfficial

Навивачите на Астон Вила се погрижија за спектакуларна атмосфера во Бирмингем и го положија испитот наречен четвртфинале во Лига на шампиони со чиста десетка, но истото не важи и за луѓето кои се задолжени за организација на натпреварот.

Англискиот премиерлигаш како домаќин на реванш четвртфиналето во најелитното натпреварување се посрамоти за сите пари, а бизарната сцена која беше видена на „Вила парк“ брзо стана вирална на социјалните мрежи, но и во цела спортска јавност.

Играчите на Астон Вила и ПСЖ беа сведоци на најбизарната увертира во Лигата на шампиони, бидејќи наместо препознатливата химна за најелитното натпреварување, им беше пуштена онаа од Лига Европа.

Ѕвездите на ПСЖ не можеа да поверуваат што слушаат во дадените моменти, но истото важеше и за играчите на Астон Вила кои останаа во неверица.

Пропустот на организаторот беше коментирана тема и по крајот на мечот, без разлика на тоа што Астон Вила одигра херојски и победи со 3:2 во натпревар кој уште долго ќе се памети во Бирмингем.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни