Поврзете се со нас

Свет

Циркус на Купот на нациите: Судијата свирна крај пред истекот на 90. минута (Видео)

Објавено

на

Навистина неверојатна сцена се случи на денешниот натпревар од африканскиот Куп на нациите помеѓу Мали и Тунис.

Главниот судија на натпреварот, Јани Сиказве беше прва „ѕвезда“ на тревникот откако донесе неколку спорни одлуки.

На средбата беа досудени два пенали и еден директен црвен картон, и тука нема што многу да му се забележи на судијата кој донел своја проценка за секоја една прилика.

Но, Јани Сиказве, верувале или не досуди крај на натпреварот во 85. минута, пет минути пред истекот на предвидените 90. минути.

Кога од клупата на Тунис изреагираа бурно, Сиказве се консултираше со ВАР судиите, па го продолжи натпреварот.

Сепак, тука не беше крај на скандалот затоа што судијата повторно свирна крај пред истекот на 90. минута. До крајот на регуларните 90 минути имаше уште 20 секунди, а од Тунис сигурно очекуваа минимум пет минути надополнување поради одморот за освежување и неколкуте замени. Сепак, наместо продолжение, Сиказве повторно го скрати натпреварот и овојпат отсвира крај на 20 секунди до официјалниот крај на средбата.

Вакво нешто ретко се гледа во професионалниот фудбал, па токму затоа видеата од натпреварот помеѓу Мали и Тунис брзо ќе се прошират на социјалните мрежи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни