Поврзете се со нас

Италија

Циркус-медрано: Лотито заспал на дебатата за италијанскиот фудбал, Де Лаурентис го будел (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/sscnapoli

Познатите претседатели во Серија А вчера беа дел од сенатот на кој се предаваше за сите најважни алки во италијанскиот фудбал, а дебатата била до толку долга, што некои почнале да спијат за време на истата.

На денот кога Аталанта за првпат освои европска титула, Клаудио Лотито наидува на голем сеир од навивачите на Лацио, а причина за тоа е видеото кое стана вирално на социјалните мрежи.

Првиот човек на Лацио заспал за време на предавањето на кое се зборувало за подобрување на италијанскиот фудбал, по што навивачите почнаа да пишуваат дека со ваков однос, не чуди фактот што клубот е толку лош на трансфер пазарот со години наназад.

За да биде уште поинтересно, Аурелио де Лаурентис е човекот кој се погрижил Лотито да се разбуди за момент, а со своите реакции не криеше дека едвај ги држи очите отворени за време на состанокот.

Интересно, за разлика од Лотито, Де Лаурентис бил еден од најгласните при дебатата и побарал италијанската влада да го намали бројот на учесници во Серија А од 20 на 18 тима.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни