Поврзете се со нас

Европски купови

Циндриќ: Жал ми е за Вардар, но ЕХФ го направи ова само поради една причина

Објавено

на

Лука Циндриќ имаше фантастична прва сезона како член на Барселона и вече освои пет титули како член на каталонскиот гигант, а Хрватот ќе има шанса да се бори и за шести, односно оној најпрестижниот.

Барселона е еден од привилегираните клубови на ЕХФ кои се најдоа на импровизираниот фајнал-фор турнир во Келн, во кој за жал нема да го гледаме Вардар кој како актуелен првак нема да може да ја брани титулата.

Турнирот е закажан за месец декември како најдобар крај на ракометната година, а иако одлуката беше неправедна кон Вардар и уште неколку клубови, Циндриќ смета дека одговорните луѓе само се обиделе да спасат она што може да се спаси.

– Тешко е да се одговори на прашањето за моите поранешни клубови Вардар и Кјелце. Мислам дека ЕХФ по секоја цена сакаше да спаси она што може да се спаси. Само поради тоа се игра фајнал-фор турнирот.

– Жалам за моите поранешни клубови Вардар и Кјелце, но како играч ми е мило што повторно ќе играм на завршниот турнир. Сакам да одиме до крај, имаме квалитет за титула, но имаат квалитет и ПСЖ, Веспрем и Кил, – порачува Циндриќ за „Спортске новости“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни