Циндриќ: Оваа победа е многу важна, нашата цел…

cindric

Екипата на Вардар претрпе пораз од Кјелце од 31-27, а за тоа најголема заслуга има поранешниот член на „црвено-црните“ Лука Циндриќ кој беше најпрецизен на средбата во Полска со осум постигнати голови.

Циндриќ беше незадржлив за вардарци пред се во второто полувреме во кое тренерот Парондо се обиде да ја промени и одбраната, но тоа не донесе резултат. Сосема очекувано Хрватот беше задоволен од прикажаното, но и поради фактот што тие ја оставриле зацртаната цел.

-Очекувавме ваков тежок натпревар. Вардар е во форма, имаше одличен старт и го презема првото место во групата. Нашата цел беше да станеме лидери и затоа оваа победа е многу важна за нас. Игравме одлично низ целиот меч, па му честитам на целиот состав. Исто така сакам да им се заблагодарам на навивачите за поддршката, тие направија фантастична атмосфера, -рече Циндриќ.

Сега Барселона, Вардар и Кјелце се на делба на првото место во групата А со освоени осум поени по првите пет кола.

Facebook Коментари