Поврзете се со нас

АТП

Циципас триумфираше во Мајорка, Надал му испрати порака: Победи го Ѓоковиќ на Вимблдон (ВИДЕО)

Објавено

на

Стефанос Циципас дојде до првата титула на трева и тоа во Мајорка каде во финалето беше подобар од домашниот тенисер Роберто Баутиска Агут со 2-1 во сетови (6:4, 3:6, 7:6 (2)).

Со ова Гркот покажа дека е во добра форма, ритам пред престојниот трет грен слем во 2022 година Вимблдон кој утре започнува во Лондон.

Токму во пресрет на овој предизвик Тони Надал испрати една порака до Циципас за кого смета дека е меѓу фаворитете за пехарот. Тој истакна дека се надева оти нема да ги победи Рафаел Надал или Феликс Оже Алијасим, односно дека ќе најде начин да го совлада носителот број еден-тоа е Новак Ѓоковиќ.

-Честитки, Стефанос. Играш одлично на оваа подлога и за мене си еден од фаворитите на Вимблдон. Се надевам дека нема да ги победиш Рафа или Феликс. Обидете се да го победиш Ѓоковиќ, -изјави Тони кој е актуелен тренер на канадскиот тенисер и моментално деветти играч во светот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни