Поврзете се со нас

АТП

Циципас стави крај на проклетството и освои титула после 11 порази во финалињата (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/AustralianOpen

Стефанос Циципас ги остави зад себе најлошите денови во тениската кариера, а по мрачниот период, конечно успеа да се пронајде и да одигра најдобар тенис во Дубаи.

Гркот е нов шампион на тенискиот турнир од АТП 500 серијата во Дубаи, откако денеска во големото финале не му даде никаква шанса на Феликс Оже Алијасим.

Циципас последниот турнир го освои во Монте Карло пред 11 месеци, па после речиси една година, Гркот ја придодаде и својата 12-та титула во кариерата.

Интересно, Стефанос губеше во 11 финалиња едно по друго на турнирите од АТП 500 серијата, а среќно за него се покажа третото финале во Дубаи.

Со победата од 6:3, 6:3, Циципас се враќа во топ 10 по пауза од една година, или поточно од задутре ќе биде деветти на АТП листата.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни