Циципас со пресврт против Тим до трофејот во Лондон

cicipas

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас го оствари најголемиот успех во кариерата, победувајќи го Доминик Тим во финалето на завршниот Мастерс во Лондон.

Тим прв освои сет, но Циципас успеа да направи целосен пресврт и стигна до најважниот трофеј во досегашната кариера и е најмлад дебитант кој го освоил овој турнир по Џон Мекинро во 1978 година.

Во првиот сет немаше брејк, па мораше да се решава со тај-брејк гејм во кој Тим беше поуспешен со 8:6 и стигна до предност во финалето.

Сепак, Циципас доби дополнителна мотивација и брзо го направи првиот брејк во вториот сет, а во третиот гејм имаше и предност од два брејка кои беа недостижни за Тим, па Гркот израмни со 6:2 во оваа етапа.

Циципас прв направи брејк и во третиот сет, но Тим фати приклучок во шестиот гејм, па подоцна мечот продолжи се до решавачкиот тај-брејк. Помладиот финалист направи два мини-брејка, подоцна ги загуби, но од егал ситуација, Тим повторно му дозволи на противникот да дојде до клучните поени за триумф од 2:1 во финалето.

Facebook Коментари