Поврзете се со нас

АТП

Циципас: Не можев да спијам, тешко ми падна поразот од Ѓоковиќ

Објавено

на

Стефанос Циципас оваа седмица настапува во Лион, а во пресрет на овој нов предизвик тој даде оценка за досега сработеното на турнирите на земја во актуелнава сезона.

Тој триумфираше во Монте Карло, дојде до финалето во Барселона, во Мадрид беше елиминира во осминафиналето, додека во Рим загуби од Новак Ѓоковиќ во маратонот кој траеше два дена.

-Уживам играјќи на земја. Не чувствувам замор, моето тело е добро. Ќе ја искористам оваа можност да се тестирам, да видам до каде ќе стигнам, -рече Гркот кој призна дека лошо му паднал загубениот меч со Ѓоковиќ во четвртфиналето во Рим.

-Тоа беа тешки денови за мене, не можев да спијам. Веројатно ќе беше поинаку ако го продолжевме мечот во петок, но не е важно, не можам ништо да променам, -вели Циципас кој е поставен за втор носител во Лион.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни