Поврзете се со нас

АТП

Циципас: Надал е најопасен кога не може да игра

Објавено

на

Пред нас е најновото издание на Вимблдон каде Рафаел Надал ќе има можност да врзе и трета победа по ред на најголемите турнири со оглед на тоа што годинава веќе победи на Ролан Гарос и Австралија Опен.

Сепак Надал не е главен фаворит на оваа подлога и во прв план е актуелниот шампион Новак Ѓоковиќ по што следат останатите играчи како Шпанецот, Матео Беретини, Хуберт Хуркач… Кога е во прашање бикот од Мајорка не треба да сезаборават ниту неговите проблеми со стапалото, проблеми со кои се соочи и во Париз каде постојано примање инјекции да не чувствува болка.

Најновоте третматни дале резултат и Рафа наводно е многу подобар кога ставува збор за ова прашање, па останува да се види каков ќе биде на теренот со оглед на тоа што не одигра ниту еден турнир на трева.

Од друга страна Стефанос Циципас добро се загреа и славеше во Мајорка, па токму Гркот имаше што да каже за 22 кратниот грен слем шампион.

-Мислам дека сме се навикнавме да гледаме како Рафа не може да игра, па освојува слемови. Противниците треба да бидат повнимателни. Кога вели дека не може да игра и да се мачи со ногата, тогаш е најопасен. Тоа е како обратна психологија.

-Имам голема почит за тоа што го направи на Френч Опен каде играше без стапало. Веројатно го прави да се чувствува бесмртен кога ќе успее да прави такви работи. Неверојатен е интензитетот што успева да го достигне кога на повеќето играчи физички им е непријатно и да играат, -истакна Циципас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни