Поврзете се со нас

АТП

Циципас: Кога играм против Алкарас ми се случуваат вуду работи

Објавено

на

Foto:x.com/rolandgarros

Стефанос Циципас повторно изгледаше максимално немоќно во пресметка со Карлос Алкарас и можеше само да му честита на Шпанецот по крајот на мечот, што автоматски значеше дека светскиот рекет број три се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос.

Гркот едноставно нема против игра за шпанскиот тенисер и не освои ниту еден сет на последните три меча со Карлито, па по уверливиот пораз во три сета, призна дека не знае што да прави кога игра против Алкарас на теренот.

– Да бидам искрен, многу верував во моите шанси пред мечот. Бев убеден дека ќе се покажам подобро од претходните неколку пати и затоа овој пораз уште повеќе боли. Бев прилично уверен дека можам на му наштетам на Карлос и дека ќе направам нешто поразлично, но…..

– Детето е премногу добро, можам само да му честитам за начинот на кој игра. Се обидов да ја максимизирам мојата игра, но повторно не успеав да најдам рецепт. Кога играм со него, едноставно не можам да ја сместам топката онаму кадешто сакам, тоа е навистина неверојатно.

– Секогаш кога играм против него, тој има подобар одговор, нешто што го немам против други ривали. Очигледно е дека постои ментална бариера и морам да се борам да ја надмна истата. Кога играм против него, како да ми се случуваат вуду работи на теренот, едноставно не можам да играм како што сакам и сум замислил. Тоа е навистија неверојатно и ми се случило само со него и со уште еден или двајца тенисери, – изјави Циципас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни