Циципас ја прекина црната серија против Медведев за прва победа во Лондон (Видео)

cicipas

Стефанос Циципас ја забележа првата победа на АТП завршниот турнир во Лондон и тоа откако попладнево славеше над Данил Медведев со 2-0 во сетови.

Ова за грчкиот тенисер беше прво славје против Медведев во шестиот меѓусебен дуел и тоа во дебитанскиот настап во „О2“ арената. Средбата беше незвесна и траеше скоро два часа, а клучна за триумфот на Циципас беше неговата игра во клучните моменти кога беше најпотребни.

Во првиот сет беше на ниво во тај-брејкот кој го реализираше со 7-5, а пак во вториот сет му го одзема сервисот на противникот во деветтиот гејм по што дојде до 5-4 за да потоа рутински отсервира и го затвори мечот.

Втората средба од ова група ни носи битка на Надал и Зверев.

Facebook Коментари