Поврзете се со нас

АТП

Циципас ја доби драмата со Синер, елиминирани уште двајца Топ 10 носители во Мелбурн (ВИДЕО)

Објавено

на

Стефанос Циципас го доби дербито на денот на Австралија Опен, дерби во кое славеше над Јаник Синер со 3-2 во сетови.

Четири часа траеше борбата на „Род Лејвер Арената“, двата тенисери имаа свои моменти, но во одлучувачкиот петти сет Гркот беше на повисоко ниво и со 6-3 обезбеди место во четвртфиналето (6:4, 6:4, 3:6, 4:6, 6:3).

Таму за ривал ќе го има Јиржи Лехечка кој направи уште едно изненадување и го елиминираше Феликс Оже-Алијасим со 3-1. Чехот во моментов е 71 тенисер на светот, ама тоа не му пречеше да го сруши 6 носител на турнирот со 4:6, 6:3, 7:6, 7:6.

Кога се во прашање Топ 10 носителите, испадна и десеттиот во името на Хуркач кој беше надигран од Американецот Корда со 3-2.

Корда во наредната фаза ќе игра со Хачанов кој го збриша Нишиока со 3-0 во сетови притоа препуштајќи му на противникот само 6 гејма.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни