Поврзете се со нас

АТП

Циципас имаше забелешки за гласниот Алкарас: Никогаш не сум се жалел за ова (Видео)

Објавено

на

Стефанос Циципас едноставно нема решение за играта на Карлос Алкарас и вчеравечер по шести пат загуби од шпанскиот тенисер, а за првата победа во меѓусебните дуели ќе мора да почека нова прилика.

Гркот не освои ниту сет во четвртфиналето на Ролан Гарос и мораше да му подаде рака на младиот Карлито, но исто така мора да се признае дека Стефанос беше доста лут кога го загуби сетот во кој играше најдобро.

Алкарас беше подобар и имаше повеќе нерви во тајбрејкот во вториот сет, па откако го доби истиот, Циципас се жалеше кај судијката за пренагласените крици кои ги испушта Шпанецот.

– Никогаш не сум се жалел за ова, но навистина е фрустрирачки. Кога сум точно пред моментот да го удрам топчето, се уште го слушам неговиот крик. Не е за време на ударот, туку непосредно пред да го удрам топчето. Навистина е фрустрирачки, – се жалеше Циципас.

Алкарас беше блиску до Гркот и одлучи да не навлегува во непотребна дискусија, па во продолжение само си ја доработи работата и стигна до шеста победа во исто толку пресметки со Циципас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни