Циципас го шокираше Ѓоковиќ во Торонто (Видео)

stefanos-cicipas

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас направи изненадување на „Роџерс купот“ во Торонто, совладувајќи го во осминафиналето фаворизираниот Новак Ѓоковиќ со 2:1 во сетови.

Балканското дерби му припадна на помладиот кој првиот сет го доби со 6:3, потоа дозволи израмнување на Ѓоковиќ преку тај-брејк, за во третиот сет да стигне до предност од 3:0, која подоцна ја претвори во триумф од 6:3 за конечни 2:1 во сетови.

Циципас со оваа победа си овозможи влез во Топ 25 друштвото следниот понеделник, а за поголем успех ќе треба да направи уште еден подвиг, бидејќи во четвртфиналето во Торонто потенцијален противник ќе му биде вториот носител Александер Зверев.

Facebook Коментари