Циципас го преслуша Зверев и стана втор полуфиналист на Мастерсот во Лондон

cicipas

Стефанос Циципас пред два дена беше исклучително добар и ја оствари својата прва победа над Данил Медведев во шестата пресметка со Русинот, но за разлика од понеделникот, вечерва имаше доста полесна задача против Александер Зверев кој дефинитивно не беше на нивото од мечот со Надал.

Гркот со својата разновидна игра го скрши отпорот на Германецот уште во воведниот сет, а потоа уште полесно стигна до рутинска победа со која сега и официјално обезбеди пласман во полуфиналето на завршниот настап во Лондон. За точно 75 минути игра, Циципас го преслуша Зверев со 6:3 и 6:2 во „О2“ арената и на тој начин стана првиот полуфиналист од својата група, или поточно втор на турнирот по Доминик Тим кој има идентичен биланс од две победи по две комплетирани кола во групната фаза.

Утре програмата во Лондон започнува со дуелот меѓу Тим и Беретини кој нема никакво значење, додека за вечерта во 21:00 часот закажана е новата голема пресметка меѓу Федерер и Ѓоковиќ во битка за полуфиналето.

Facebook Коментари