Циципас го преслуша Федерер и ќе се бори за трофејот во Лондон (Видео)

cicipas

Стефанос Циципас е првиот финалист на завршниот турнир во Лондон и тоа откако славеше над Рожер Федерер со 2-0 во сетови во „О2“ арената во англиската престолнина.

Ова е најголема победа на Циципас во кариерата и тоа против шесткратниот победник на овој турнир во кој ќе се бори за титулата со победникот од вечерашниот меч меѓу Доминик Тим и Александер Зверев. Младиот Грк спаси 11 од 12 брејк шанси и на тој начин си го отвори патот до триумфот по еден ипол час игра, триумф од 6-3 и 6-4.

Рожер ќе мора да почека друга шанса за успех на овој турнор на кој трета година во низа доживува елиминација во полуфиналето од играч кој никогаш немал стигнато до оваа фаза на настанот. Во 2017 година го нокаутираше Гофан, лани тоа беше Зверев, додека година пред него застана супер талентираниот Стефанос.

Facebook Коментари