Поврзете се со нас

АТП

Циципас го предаде мечот по третиот гејм и доби свирежи од публиката во Торино (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/atptour

Стефанос Циципас пријави физички проблеми на последниот тренинг пред настапот во Торино, но потоа изненадувачки одигра без проблеми против Јаник Синер, барем така изгледаше според движењето на теренот.

Гркот доби ден одмор и повеќе време да се подготви за вториот меч на завршниот Мастерс, но денеска издржа само 14 минути на теренот во Торино, пред да го предаде мечот.

Циципас имаше евидентни проблеми со движењето и ја искористи првата вистинска пауза за носење на непопуларна одлука, која во случајот му донесе и свирежи од трибините.

Стефанос му го предаде мечот на Холгер Рунер и младиот Данец ја запиша првата победа во „зелената група“, па сега на местото на Циципас во последното коло во групната фаза ќе го гледаме резервистот.

Станува збор за Хуберт Хуркач, кој во својот единствен меч во Торино ќе има за задача да ги одмери силите со Новак Ѓоковиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни