Поврзете се со нас

АТП

Циципас: Ѓоковиќ не е непобедлив, најважно е…

Објавено

на

Стефанос Циципас имаше два различни настапи на досегашните натпревари на Олимписките Игри во Токио, но она што е најважно за него е што се избори за две победи со кои го продолжува патот, борбата за медали.

Со оглед на неговиот квалитет, знаење, статус во тенисот тој дефинитивно важи за играч кој може да оди до самиот крај, а таму би можел да го чека Новак Ѓоковиќ против кого има негативен учинок од 6-2 во меѓусбените дуели.

Меѓутоа Гркот не се плаши од првиот светски рекет и смета дека ќе има што да каже против него ако се соочат во Токио.

-Сè доаѓа со самодоверба и да не размислувате за тоа со кого играте. Мислам дека премногу играчи дозволуваат тоа да им се влезе во глава. Најважно е да се концентрирате на вашата игра кога играте со играчи како Новак. Оние играчи од врвот се таму со причина, но ништо не е невозможно. Секој од нас има можност да произведе нешто добро, -порача Стефанос кој во првите две рунди славеше над Колшрајбер (2-1- и Тијафо (2-0).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни