Поврзете се со нас

АТП

Циципас: Ѓоковиќ ме инспирира да бидам подобар

Објавено

на

Стефанос Циципас веќе некое време е меѓу најдобрите тенисери на светот, но се уште има што да учи, напредува за да има уште подобри, поконстантни резултати.

Секако има примери кои може да ги земе, па така тој се води од Новак Ѓоковиќ кој заедно со Рафаел Надал и сега веќе пензионираниот Рожер Федерер важат за најголеми асови на сите времиња.

-Тој е перфекционист кој го подигна тенисот на повисоко ниво. Неговата исхрана, тренинзи, флексибилност и професионалност се на секое поле, ништо не запоставува. И анализите што ги слушнав од него јасно ми кажуваат дека Новак е најдобриот играч, -вели Циципас кој ја заврши сезоната на четвртото место на АТП листата.

-Мислам дека можам многу да применам и да го проширам своето знаење за играта. Штом ќе го прифатам и станам попрофесионален, дури и попрофесионален од сега, мојот искачување на врвот на АТП листата нема да биде случно. Ги знам моите способности како спортист и колку напорно работев, -порача Гркот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни