Поврзете се со нас

АТП

Циципас: Ѓоковиќ е многу себичен човек…(ВИДЕО)

Објавено

на

Стефанос Циципас успеа да ја мине втората пречка на Аустралијан Опен и да се пласира во 1/16 финалето на турнирот што се игра во Мелбурн.

Гркот беше подобар од домашниот тенисер Џордан Томпсон кого го совлада со 3-1 во сетови и со тоа избори билет за следната фаза. Секако желба на Циципас е да дојде до самиот крај и конечно да освои пехар на грен слем, па во разговорот со легендарниот Џон Мекинро, Стефанос се пошегува на сметка на Новак Ѓоковиќ.

-Бројките не лажат, Новак тука има победено 12 пати (има освоено 10 титули). Тој е многу себична личност. Мислам дека треба да се разбуди еден ден и да биде помалку себичен, да биде личност која дели повеќе со другите.

-Има две сценарија за мене да ја освојам титулата овде: некој да го победи Новак или јас тоа да го направам. Ќе видиме како ќе биде, -истакна Циципас кој загуби во минатогодишното финале од Србинот со 3-0 во сетови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни