Поврзете се со нас

АТП

Циципас ги гаѓаше со топче своите родители, Рубљов ќе игра во полуфиналето во Торино (Видео)

Објавено

на

Стефанос Циципас уште еднаш покажа дека знае ментално да потфрли во клучните моменти на еден важен меч, бидејќи повеќе од еден час беше подобар играч на теренот, но потоа западна во „црна дупка“ од која не успеа да излезе.

Тоа знаеше како да го искористи Андреј Рубљов, кој откако направи брејк на средина на вториот сет доби огромна самодоверба и максимално профитираше од огромниот пад на Гркот.

Вечерва на Циципас не му помогнаа ниту неговите родители, бидејќи случувањата во боксот направија да се изнервира во клучни моменти во третиот сет.

Мајката и таткото на Циципас гласно разговараа измеѓу еден поен и очигледно имаа различни совети за синот, по што Стефанос се налути и ги гаѓаше со топче.

Оваа епизода резултираше со брејк на Рубљов за водство од 2:1, по што следеше целосен распад на Циципас и сигурна победа на Русинот од 6:2 во третиот сет (3:6, 6:3 и 6:2).

Со овој пресврт, Русинот се пласираше во полуфиналето на завршниот турнир во Торино, каде ривал ќе му биде Каспер Руд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни