Поврзете се со нас

АТП

Циципас е полуфиналист, Медведев со невообичаен потег на меч топка на ривалот (Видео)

Објавено

на

Стефанос Циципас ја оправда фаворитската улога во четвртфиналето на Ролан Гарос против Данил Медведев и со победата од 3:0 во сетови стана втор полуфиналист на овој турнир.

Во првиот сет на грчкиот тенисер му беше доволен еден брејк за 6:3, а Медведев испорача уште посериозен отпор во вториот сет кој беше решен со тај-брејк.

Циципас имаше сериозни проблеми во третиот сет, Медведев направи брејк за 2:4, но Циципас брзо успеа да возврати.

При резултат 6:5, Медведев водеше со 40:0, но противникот направи целосен пресврт и го затвори мечт со 7:5 во решавачката етапа за конечни 3:0 и си обезбеди полуфинале против Александер Зверев.

Несекојдневен момент беше последниот сервис на Русинот, во ситуација кога противникот имаше меч топка, Медведев сервираше под рака, но Циципас беше подготвен и експресно го доби поенот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни