Поврзете се со нас

Германија

Чурлинов заработи казна од 25.000 евра

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов е казнет од дисциплинците од Фудбалската федерација на Германија (ДФБ) поради неспортско однесување во дресот на Шалке 04.

Имено нашиот ас беше забележан со факел по пласманот во првата лига и победата над Сент Паули, потег кој не поминува кај Германците кои го санкционираа играчот на Шалке со 25 илјади евра, а исто мина и неговиот колега Малик Тиа.

Ваква парична казна доби и членот на Вердер Бремен, Никлас Филкруг кој со својот тим исто обезбеди промоција во првата германска Бундеслига.

Даре ја мина минатава сезона како позајмен играч во составот од Гелзенкирхен, остави одличен впечаток, но и понатаму е неизвесно дали Шалке ќе го отпупи неговиот договор од Штутгарт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни