Поврзете се со нас

Репрезентација

Чурлинов: Сакаме победа над Израел, најважно е…

Објавено

на

Младата репрезентација на Македонија утре од 14:30 часот го игра осмиот меч од квалификациите за пласман на Европското првенство, противник ни е селекцијата на Израел која во досегашниот дел на овој циклус има послаби резултати и два бода помалку на своето конто.

Поради ова ние ќе ја имаме улогата на благи фаворити, а момците на Боби Милевски се подготвени да го оправдаат тоа на теренот и да дадат 100 проценти.

-Ние сме подготвени сме. Сите ќе дадеме 100 проценти, па и повеќе од тоа. Се надеваме на три бода, ќе дадеме се од себе,  ќе се придржуваме на инструкциите од селекторот- тоа е најважно за нас. Наше е да ги одиграме добро сите натпревари до крај. Да освоиме што е можно повеќе бодови, а на Господ е дали ќе се пласираме на ЕП или не, -истакна Дарко Чурлинов кој блескаше на дуелот против Казахстан кој го реализиравме со 4-1.

Македонија е на второто место во групата 6 со 13 бодови, шест помалку од лидерот Шпанија.

Изјава – Дарко Чурлинов

Дарко Чурлинов – #Македонија до 21 година зборува за брилијантната партија против Казахстан, за притисокот кој го носи утрешниот натпревар против Израел и за шансите на македонската репрезентација за пласман на Европското првенство.#НапредМакедонија | #MKD | #EUROU21

Gepostet von Фудбалска Репрезентација на Македонија am Montag, 12. Oktober 2020

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни