Поврзете се со нас

Конференциска лига

Чурлинов погоди во последната минута и донесе голема победа за Јагелонија (Видео)

Објавено

на

Дарко Чурлинов во одличен момент го постигна првиот гол во дресот на Јагелонија, носејќи важна победа (1:2) над ФК Копенхаген во Конференциската лига на УЕФА.

Македонецот влезе од клупата во 55. минута, а погоди во клучен момент, односно во 98. минута, поставувајќи го конечниот резултат и најавувајќи го големото славје на гостите.

Со денешниот триумф на тешкото гостување, полскиот претставник тргна со победа во главната фаза на Конференциската лига, додека Чурлинов експресно стана херој на фановите на Јагелонија.

Победата е уште послатка за полскиот тим ако се знае дека данскиот ривал поведе уште во 12. минута и таа предност ја имаше до 55. минута, кога Пулулу успеа да израмни, а истиот играч му асистираше на Чурлинов за голот за победа.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни